Stipe Mayiç
30 Ноември 2017•Ажурирај: 01 Декември 2017
ЗАГРЕБ (АА) - Претседателката на Република Хрватска, Колинда Грабар - Китаровиќ, во своето обраќање до јавноста се осврна на вчера изречената пресуда во Хаг истакнувајќи дека со иста мерка не се казнети бошњачките и српските злосторници. Таа додаде дека ќе ја посети БиХ за да не се нарушат односите меѓу Бошњаците и Хрватите, јавува Anadolu Agency (AA).
Хрватската претседателка Грабар-Китаровиќ на почетокот од своето обраќање изрази сочувство до семејството на Слободан Праљак, велејќи дека тој „попрво би го дал животот отколку да живее како осуденик за кривични дела за кои тој цврсто веруваше дека не ги извршил“.
Грабар-Китаровиќ истакна дека вчера во Хаг не е изреќена пресуда на Република Хрватска и на хрватскиот народ во БиХ.
„Хрватска не беше агресор, туку најмногу направи за опстанокот на целовита Босна и Херцеговина како држава, а хрватскиот народ прв се спротивстави на големосрпската агресија, бранејќи ја својата опстојност и опстојноста на Босна и Херцеговина како своја држва. Хрватска и Босна и Херцеговина беа нападнати од Србија на Милошевиќ и таканаречената ЈНА и тоа се општопознати факти. Хрватска не нападна никого“, рече Грабар-Китаровиќ.
Таа истакна дека Хрватите мора да имаат сила да признаат дека некои нивни сонародници во БиХ извршиле злосторства за кои треба да одговараат.
„Неправедно е тоа што на ист начин не се казнети бошњачките и српските злосторства над Хравтите во БиХ“, додаде Грабар-Китаровиќ.
Таа порача дека особено Хрватите и Бошњаците во Федерацијата БиХ мора да се издигнат над тоа за доброто на двата народа и ги повика бошњачките челници оваа пресуда да не се злоупотребува, туку да биде крај на еден и почеток на друг период.
„Како хрватска претседателка ќе сторам сѐ оваа пресуда да не ги влоши хрватско-бошњачките односи и во најскоро време ќе ја посетам БиХ“, порача Грабар Китаровиќ.
Таа истакна дека Хрватска од почетокот го поддржувала основањето на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија, но дека тој суд пропуштил да ја оствари својата улога во донесувањето на правдата за жртвите на злоделата и се поставил како политички арбитер обидувајќи се да воспостави вештачка рамнотежа на вината.
„Воените ужаси што ги погодија Хрватска и БиХ имаа исходиште од злосторничкиот режим на Слободан Милошевиќ. Хашкиот суд не ја исполни својата темелна цел бидејќи тој историски факт не е препознаен или е свесно занемарен", нагласи Грабар-Китаровиќ.
Таа порача дека Хрватска покрај САД најмногу има направено БиХ да опстане како суверена држава. Притоа ја наведе поддршката на референдумот за самостојност на БиХ, признавањето на БиХ, примањето голем број бегалци од БиХ и лечењето на десет илјади ранети во Хрватска, потоа хуманитарната помош која преку Хрватска пристигнуваше во БиХ, спречувањето на геноцидот во Бихаќ, како и ставањето крај на војната во соработка со Армијата на БиХ.
Истакна дека Хрватска и понатаму ќе се зазема за европскиот пат на БиХ и на југоисточниот дел на Европа
Грабар-Китаровиќ изрази сочувство за сите жртви на војната на овие простори, а Хрватите во БиХ ги повика да останат мирни и достоинствени.
Najavila je kao će se Hrvatska "nastaviti boriti za istinu i pravdu" te da će o tome govoriti sljedeći tjedan u Ujedinjenim narodima kao osnivaču suda.
Таа најави дека Хрватска ќе продолжи да се бори за вистината и за правдата и дека во врска со тоа ќе говори следната недела во Обединетите нации, како основачи на судот.