Stipe Mayiç
18 Март 2016•Ажурирај: 19 Март 2016
ВАРАЖДИН (АА) - Во Музејот Стар град во Вараждин се сретнаа претседателите на Хрватска, Словенија и Австрија, Колинда Грабар - Китаровиќ, Хајнц Фишер и Борут Пахор со цел да разговараат за актуелни теми како и за билатералните односи помеѓу трите држави, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за трет по ред во низата трилатерални состаноци на тројцата претставници. По неформални средби на ниво на претседатели од Хрватска, Словенија и Австрија одржани во 2014 година во Виена и 2015 година во Логарската долина во Словенија, домаќин на овогодинешниот состанок е хрватската претседателка Колинда Грабар - Китаровиќ, односно Република Хрватска.
Планирано е претседателите на Австрија, Словенија и Хрватска, Хајнц Фишер, Борут Пахор и Колинда Грабар - Китаровиќ по состанокот во Вараждин да ѝ се обратат на јавноста.
Како што се претпоставува темите на разговор ќе бидат актуелната бегалска криза, состојбата во Европската унија како и некои од отворените прашања кои постојат помеѓу трите земји.