Alma Dekovic
13 Април 2023•Ажурирај: 13 Април 2023
САРАЕВО (АА) - Претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев, кој денес допатува во своја прва официјална посета на Босна и Херцеговина (БиХ), беше пречекан со највисоки воени почести пред зградата на Претседателството на БиХ, јавува Анадолу.
Алиев беше пречекан пред зградата на Претседателството во Сараево од претседавачката Жељка Цвијановиќ. Свечената церемонија започна со парада, а продолжи со интонирање на националните химни на Азербејџан и Босна и Херцеговина.
Потоа следуваше тет-а-тет средба со претседавачката и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ, Денис Беќировиќ и Жељко Комшиќ.
Претседателот на Азербејџан престојува во прва официјална посета на Босна и Херцеговина. На претходните средби на претставниците од БиХ и Азербејџан односите меѓу двете земји беа оценети како добри и пријателски, што се огледа и низ успешната соработка во изминатиот период.