Oktaj Omeragikj
13 Декември 2025•Ажурирај: 15 Декември 2025
СКОПЈЕ (АА) - Граѓанско движење на детското игралиште во скопска општина, донација од Израел, ги смениле таблите со напис: Детско игралиште „Газа“, известува Анадолу.
Граѓанско движење „Сите за Палестина“, кое ја осудува геноцидната војна на Израел врз Палестинците во Газа, таблите во општина Аеродром на кои пишувало дека игралиштето е донација од Израел, ги замениле со табли на кои напишале: Детско игралиште „Газа“ - Во вечен спомен на палестинските деца, жртви на геноцидот што го врши Израел.
Минатиот месец, општина Аеродром прифати донација од Израел за детско игралиште. На свеченото отворање на паркот по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји, присуствуваа градоначалникот на општината Дејан Митески, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и израелската амбасадорка во Скопјe, Вивијан Ајзен.
И покрај прекинот на огнот што стапи во сила на 10 октомври во Појасот Газа, Израел продолжува да спроведува немилосрдните напади врз палестинската енклава, каде што од октомври 2023 година се убиени најмалку 70.300 Палестинци, претежно жени и деца, а над 171.000 се повредени.