Fatjon Cuka
27 Ноември 2026•Ажурирано: 27 Ноември 2026
Лошото време во Албанија продолжи и во изминатите часови, при што врнежите од дожд предизвикаа проблеми во неколку области во земјата, јавува Анадолу.
Интензивните врнежи од дожд денеска предизвикаа поплави на неколку улици и во населени места во градот Валона, што предизвика и проблеми во сообраќајот.
Во меѓувреме, се известува дека во округот Лежа неколку села останале без електрична енергија поради лошото време и дотраеноста на електродистрибутивната мрежа.
Според Институтот за геонауки на Албанија, денеска и утре се очекуваат интензивни до локално многу интензивни врнежи во округот Валона.
Во окрузите Берат, Корча и Ѓирокастро се очекуваат умерени до локално интензивни врнежи, додека во окрузите Елбасан и Фиер се очекуваат умерени врнежи, проследени со грмежи. Во останатите окрузи се очекуваат слаби до локално умерени врнежи.