Fatjon Cuka
10 Јуни 2022•Ажурирај: 12 Јуни 2022
ТИРАНА (АА) - Албанија обезбеди помош за Украина во вредност од еден милион евра, и со тоа им се придружи на другите земји кои ѝ помагаат на оваа земја која е во војна со Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во денешното соопштение на Владата на Албанија се наведува дека е донесена одлука да се обезбеди финансиска хуманитарна помош од Советот на министри на Република Албанија за Владата на Украина во вредност од еден милион евра.
Потсетуваме, од почетокот на војната меѓу Русија и Украина, властите во Албанија ја осудија воената интервенција на Русија, изразувајќи солидарност со украинскиот народ.
Исто така, Албанија им се придружи на рестриктивните мерки преземени од страна на Европската Унија (ЕУ) против Русија, спроведувајќи санкции против различни руски личности и институции.