СКОПЈЕ/ТИРАНА/ПРИШТИНА (АА) - Протести, апсења на пратеници, откривања на нелегални телефонски прислушувања, вооружените судири со десетици убиени, неуспеси на дипломатско ниво и бегалската криза, се само дел од случувањата што ја одбележаа годината која ја оставаме зад нас во трите држави од регионот,Македонија, Албанија и Косово, кои Anadolu Agency (АА) ви ги донесува по хронолошки редослед.
- Македонија во 2015 година-
Масовни протести, објавувањето на таканаречените "политички бомби" на македонската опозиција и повеќемесечните преговори за решавањето на политичката криза, вооружениот судир меѓу полицијата и вооружената група во Куманово, која резултираше со десетици убиени и бегалската криза се некои од настаните кои ја одбележаа 2015-та година во Македонија.
Годината започна со продолжувањето на протестите од есента на 2014-та година, во која новинарите и невладините организации протестираа пред Апелациониот суд против апсењето на новинарот Томислав Кежаровски, додека продолжија со протестите на вработените со приходи од авторски права како резултат на предлогот на владата 35 отсто од средствата да бидат издвоени за даноците и личните придонеси.
Политичката криза која датира од порано, доби друга димензија откако премиерот Никола Груевски, на специјална конференција за медиумите, на македонската јавност, на 31 јануари, го обвини лидерот на опозицијата, Зоран Заев за обид за државен удар.
Тогаш беше кажано дека Заев го уценувал Груевски со компромитирачки материјали кои тој ги поседува, а во кои можат да се слушнат наводни разговори на високи владини функционери, поради што од премиерот побара техничка влада. Подоцна, Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава за четири лица, од кои еден беше Заев.
На 9-ти февруари, македонската опозиција предводена од СДСМ и нејзиниот претседател Заев започна со објавување на таканаречените "бомби" во рамките на проектот наречен "Вистината за Македонија". Тогаш, Заев излезе на прес-конференција и ја обвини Владата за нелегално прислушкување на над 20 илјади граѓани на Македонија, меѓу кои се политичари, бројни функционери, новинари и јавните личности за кои ги објавуваше пресретнатите материјали.
Од случувањата кои не можат а да не се спомнат е и бегалската криза, која започна да се станува посериозна во април, поконкретно од смрта на 14 авганистански и сомалиски мигранти кои ги прегази воз на пругата Велес-Скопје. Бројките на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија покажуваат дека оваа година во земјата животот го загубиле вкупно 28 имигранти.
Големиот бран на бегалци од земјите од Блискиот Исток и Северна Африка продолжи, а по граѓанските протести протести на 18 јуни, Владата донесе одлука на мигрантите да им биде дозволен привремен престој во земјава.
- Месецот кој ја одбележа 2015 година -
Без сомнение, главниот настан на годината во Македонија, но исто така и настан кој предизвика интерес во светската јавност беше вооружениот судир во кумановско "Диво Насеље" на 9 и 10 Мај, во кој загинаа осум полицајци а беа повредени триесетмина, додека од воружената група 10 членови беа убиени а 29 уапсени. Веднаш по овој трагичен настан, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски и шефот на Управата за контраразузнавање Сашо Мијалков поднесоа оставки од своите функции.
Политичката криза во Македонија секој ден се повеќе и повеќе се предлабочуваше. Македонската опозиција организираше масовен митинг пред Владата на 17 мај, а еден ден подоцна владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ и група граѓански организации организираа контрапротест. Во меѓувреме, политичките партии во преговорите со посредство на меѓународната заедница, САД и ЕУ, по тешки и долги преговори на 2 јуни во Пржино, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА постигнаа Договор за надминување на на политичката криза, чиј протокол беше потпишан на 15 јули.
Според договорот, во април 2016 година треба да се се одржат предвремени парламентарни избори, а исто така, договорот резултираше со враќањето на опозицијата во Собранието, назначувањето на специјалната обвинителка, Катица Јанева и двајцата владини министри од опозицијата. Оливер Спасовски беше избран за министер за внатрешни работи и Фросина Ременски министер за труд и социјална политика, а исто така беа назначени и три заменици министри кои ги назначи опозицијата, во Министерството за финансии, Министерството за земјоделство и Министерството за администрација и информатичко општество.
Македонија како земја продолжува да се бори со бранот на бегалци, а само оваа година, според МВР, повеќе од 355.000 бегалци преминаа на територијата на Македонија. Врз основа на националност, најбројни се оние од Сирија, 201.506, потоа 87.399 од Авганистан, од Ирак 45.875, од Иран 6.231, итн.
-Косово во 2015-
Месецот февруари се издвојува од останатите по илегалните миграции на граѓаните на Косово во ЕУ, кои продолжија со зголемен тренд. Од автобуската станица во Приштина, секоја вечер кон Белград заминуваа по десетина автобуси, не вклучувајќи ги заминувањата од други градови и патувањата со други возила. Според една проценка, во рок од три месеци, околу 50 илјади граѓани на Косово илегално мигрирале во Европа.
Реакцијата на претседателката на Косово, Атифете Јахјага, која ги посети сите општини на Косово со цел да ги освести граѓаните за штетата предизвикана од нелегалната миграција, допринесе за речиси целосно запирање на илегалните миграции.
Првата тешка одлука на Собранието на Косово во 2015-та година беше за формирањето на Специјалниот суд за воените злосторства на Ослободителната војска на Косово.
Првата сесија на 26 јуни беше неуспешна поради тоа што не беше изгласано усвојувањето на уставните измени кои ќе го отворат патот за создавање на овој суд, поради недостаток на две третини од гласовите на Собранието. Сепак, по големиот притисок во рамките на партијата, и на претставниците на меѓународната заедница во Косово, Собранието успеа да ги одобри уставните измени кои го овозможија формирањето на Специјалниот суд. Уште пред да се смири ситуацијата во врска со Специјалниот суд, во август оваа година, Владата на Косово потпиша два договори кои подоцна доведоа до политичка криза и жестоки протести на опозицијата.
Првин, на 25 август, во Брисел, Владата на Косово, со посредство на Европската Унија потпиша четири договори со Србија, меѓу кои е и договорот за формирањето на Асоцијацијата на општини со српско мнозинство, додека во Виена се потпиша Договорот за демаркација на границата со Црна Гора.
Овие два договори опозицијата ги опиша како штетни за Косово, бидејќи тие го нарушуваат суверенитетот, територијалниот интегритет и го стават во ризик функционирањето на државата. Ова доведе до најголемата политичка криза од 1999 година, која сеуште трае. Прво, на крајот на септември, опозицијата фрлаше јајца кон косовскиот премиер Мустафа кога тој се обиде да ги пријави договорите во Собранието.
Дејствијата на опозицијата се радикализираа до краен степен, за време на пленарната седница, членовите на Самоопределување, ААК и Иницијатива фрлеа солзавец со цел да се оневозможи работата на Собранието.
Како резултат на тоа, во ноември 2015-та година, органите за спроведување на законот и правдата, обвинителството, полицијата и судството ја започнаа правната постапка вршејќи апсења, истражни постапки, како и определувајќи ги мерките за притвор или други мерки на ограничување на движењето за членовите на трите опозициски партии. Навраќајќи се во месец октомври 2015-та година, Косово доживеа неуспех на меѓународен план, поради тоа што на 9 октомври во Генералното собрание на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО), не успеа да биде примено во оваа организација.
На крајот на годината уште еден неуспех за Косово, бидејќи Европската Комисија не препорача визна либерализација. Во најновиот извештај од страна на комесарот за внатрешни работи и миграции на Европската комисија, Аврамопулос, истакнато е дека Косово треба да ги исполни и 8-те преостанати критериуми. На 23 декември, Уставниот суд на Косово одговори на барањето на претседателката на Косово, која побара мислење во врска со уставноста на Договорот за основање на Асоцијацијата на општини со српско мнозинство , одлучувајќи дека некои делови од договорот се во спротивност со Уставот на Косово.
Опозицијата на ова го гледаше како нејзина победа против сегашната влада и побара оставка од премиерот Мустафа и неговиот заменик министер Тачи.
- Успесите на Косово во текот на 2015 година -
Несомнено, најдобрата вест за Косово во 2015-та година дојде на 27 октомври, кога во Стразбург се потпиша Спогодбата за стабилизација и асоцијација, со што се реализира прв договорен однос меѓу Косово и Европската унија. Спортот како и обично е оној кој носи добри вести за Косово, особено џудистите од Косово.
Овој пат Нора Ѓакова беше таа која го израдува Косово со бронзен медал од Олимписките игри на континентално ниво. Медал кој се смета за прв олимписки медал на независен спорт на Косово беше добиен на Европските игри "Баку 2015", додека оваа година кошаркарската федерација на Косово беше примена во ФИБА. Оваа добра вест од кошарката го следеше најголемиот успех на косовските кошаркари на меѓународно ниво, екипата Сигал Приштина стана шампион на Балканската кошаркарска лига БИБЛ.
- Албанија во 2015 година-
Во годината која заминува, Албанија ја одбележаа неколку важни настани, почнувајќи од внатрешните случувања до посетите на некои од високите личности на светската политика. На 26 март беа уапсени членовита на парламентот, Том Доши и Марк Фроку.
Јавното обвинителство преку официјално барање побара од Парламентот одобрување на притворот на пратениците Доши и Фроку, тврдејќи дека Доши го измислил настанот и јавните обвинувања против претседателот на Собранието, Илир Мета, за подготовка на убиството на вториот против него и уште еден негов колега Мхил Фуфи, додека Фроку соработуваше во осмислувањето на оваа ситуација.
Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, на 13 мај престојуваше во официјална посета на Албанија, каде што учествуваше на церемонијата на отворањето на џамијата Намазгах. Неполни две недели подоцна, поточно на 27 мај во Албанија се реализираше една историска посета. Српскиот премиер Александар Вучиќ, престојуваше во работна посета на Албанија, каде што беше примен со државни почести.
На 8 јули, германската канцеларка Ангела Меркел при нејзината официјална посета на Албанија, даде јасни сигнали дека ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан. Меркел се сретна со високите државни претставници.
За светот на фудбалот, 2015-та година е година во која се одбележи историско достигнување за албанскиот национален тим во фудбал. На 11 октомври, фудбалската репрезентација на Албанија официјално се квалификуваше за Европското првенство "Франција 2016".
Со победата обезбедена во Ереван против Ерменија со резултат 0:3, албанскиот тим веќе го оствари историскиот сон, додека на 8 октомври на "Елбасан Арена" се одигра натпреварот помеѓу фудбалските репрезентации на Албанија и Србија, кој го привлече вниманието на домашната и светската јавност.
На 10 декември, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, престојуваше во официјална посета на Тирана, каде што се состана со државниот врв. Ова беше прва посета на Генералниот секретар на НАТО, по членството на земјата во Алијансата. Во текот на 2015 година албанската опозиција одржа неколку протести, барајќи формирање на техничка влада и предвремени избори во земјата.
news_share_descriptionsubscription_contact


