Fatjon Cuka
30 Април 2017•Ажурирај: 01 Мај 2017
ТИРАНА (АА) – Во рамките на полициската акција спроведена во близина на градот Берат, албанската полиција заплени речиси два тони дрога марихуана, пренесува Anadolu Agency (АА).
Во соопстението на албанската полиција се вели дека наркотиците биле запленети во текот на големата операција за сузбивање на трговијата со дрога, наречена „Богова“.
За време на полициската акција, органите на редот уапсиле еден албански државјанин со иницијали И.З (56), а биле запленети и неколку парчиња оружје.
Вкупната тежина на запленетата дрога изнесува 1.888 килограми, и се претпоставува дека станува збор за марихуана.
Потсетуваме дека во Албанија, во последните неколку месеци, полицијата спроведе неколку операции за сузбивање на производстовото и трговијата со дрога, во кои беше одземено големо количество наркотични средства.