Прескокни на главната содржина
logo
logo
  • СВЕТ
  • ТУРЦИЈА
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ЖИВОТ
Türkçe
English
BHSC
Pусский
Français
العربية
Kurdî
کوردی
Shqip
فارسی
македонски
Bahasa Indonesia
Español
Балкан

Амбасадата на Турција во Скопје приреди прием по повод Денот на Републиката

„Знаеме дека Ататурк во неговата младост го дишеше воздухот на мултикултурната, колоритната и динамична атмосфера на [Северна] Македонија“
Dzihat Aliju
29 Октомври 2021•Ажурирано: 31 Октомври 2021
Амбасадата на Турција во Скопје приреди прием по повод Денот на Републиката

СКОПЈЕ (АА) - Амбасадата на Турција во Скопје приреди прием по повод 29 Oктомври - Денот на прогласувањето на Република Турција пред 98 години, јавува Агенција Анадолија (AA).

Во рамки на приемот приреден во Филхармонијата во Скопје, беше одржан концерт со композиции кои ги сакал основачот на модерна Република Турција, Мустафа Ќемал Ататурк. Од друга страна, со поддршка на Институтот „Јунус Емре“ беа презентирани омилените јадења на Ататурк.

На приемот присуствуваа претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, и неговата сопруга, Елизабета Ѓоргиевска, амбасадорот на Турција во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок, претседателот на Институтот „Јунус Емре“, Шереф Атеш, пратеници, лидери на политички партии, амбасадори на различни земји, претставници на турски институции и организации во земјата и голем број гости.

Амбасадорот Секизќок во своето обраќање истакна дека Турција се наоѓа во регион каде што се спојуваат Балканот, Кавказот, Блискиот Исток и Медитеранот, и дека Ататурк цел век се придржувал на принципот „мир дома, мир во светот“.

Потсетувајќи дека корените на предците на Мустафа Кемал Ататурк потекнуваат од Македонија, Секизќок нагласи: „Знаеме дека Ататурк во неговата младост го дишеше воздухот на мултикултурната, колоритната и динамична атмосфера на [Северна] Македонија. Годините што Мустафа Кемал, угледниот ученик во воената гимназија ги помина во Битола, остави значајно влијание во обликувањето на неговите идеи и личност на патот да стане голем водач.“

Амбасадорот наведе дека се придава големо значење и на човечките врски во билатералните односи: „Горди сме што сме сведоци дека Вашето присуство и напори се многу вредни и ги продлабочуваат односите меѓу Турција и Северна Македонија, и на сите искрено Ви благодарам за ова.“

Секизќок, исто така, упати честитки до граѓаните на Северна Македонија, која оваа година ја одбележа 30-годишнината од нејзината независност.

Во рамките на приемот исто така, беше прочитана пораката на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

- Изложба и конференција организирана од Институтот „Јунус Емре“ -

Во рамки на одбележувањето на Денот на Турската Република, во Музејот на македонската борба во Скопје, Институтот „Јунус Емре“ организира изложба со фотографии насловена „Од Ататурк кон Републиката“, како и конференција на тема „Револуциите на Ататурк и придобивките на Републиката“.

Во изјавата за медиумите пред почетокот на конференцијата, претседателот на Институтот „Јунус Емре“, Шереф Атеш, наведе дека оваа година за Денот на Републиката сакале да разговараат на конференцијата во регионот каде Ататурк е роден, одел на училиште и се образувал.

Атеш, исто така наведе дека во пресрет на 100-годишнината од Републиката сакаат да се потсетат на омилената храна на Ататурк, неговите омилени песни и околината во која живеел.

Истакнувајќи дека во рамките на конференцијата ќе бидат пренесени работите што со години се прават во Турција, Атеш додаде дека изложбата ги вклучува чекорите што Ататурк ги презел во Турција во 1920-тите и 1930-тите години.

Во презентацијата на тема „Револуциите на Ататурк и достигнувањата на Републиката“, проф. Д-р. Јасемин Доганер се осврна на политичките, социјалните, правните, економските и образовните случувања во Турција по прогласувањето на Републиката.

Меѓу другото, во основното училиште „Тефејуз“ во Скопје исто така беше одржана програма по повод 29 Oктомври – Денот на Република Турција.

related_topics:
Северна МакедонијаПриемИнститутот Јунус ЕмреДен на РепубликатаАмбасада на Република Турција
news_share

news_share_descriptionsubscription_contact

subscription
logo

Reporting the Changing World

next-sosyalX/TwitterFacebookYouTubeInstagram

КОРПОРАТИВНО

  • Историја
  • Таг
  • Систем на управување со квалитетот
  • Принципи на објавување
  • Политика на социјалните медиуми
  • Медиа центар
  • Политика за приватност и веб-колачиња
  • Политика на правилно информирање
  • RSS

КОМУНИКАЦИЈА

  • Контакт
  • Барање за претплата

Anadolu Ajansı © 2026

Google PlayApp Store
Војна САД/Израел-Иран
Ормуски Теснец
Трамп
Претходно
Следно
Претходно
Во Северна Македонија регистрирани 417 нови случаи на Ковид-19

Во Северна Македонија регистрирани 417 нови случаи на Ковид-19

Следно

Во Северна Македонија регистрирани 349 новозаразени и 12 починати од Ковид-19

Во Северна Македонија регистрирани 349 новозаразени и 12 починати од Ковид-19

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот амбасадор на Република Македонија во Турција доби сертификат за турски јазик

Новиот амбасадор на Република Македонија во Турција доби сертификат за турски јазик

Косовските функционери за приемот во УЕФА: Големиот сон се оствари

Косовските функционери за приемот во УЕФА: Големиот сон се оствари

Фудбалскиот сојуз на Косово примен во членството на УЕФА

Фудбалскиот сојуз на Косово примен во членството на УЕФА

Косово е примено во ФИФА

Косово е примено во ФИФА

Во Скопје прикажан филмот „Сомунџу Баба: Тајната на љубовта“

Во Скопје прикажан филмот „Сомунџу Баба: Тајната на љубовта“

Средба на Ердоган со претседателот на ирачката Курдска регионална влада

Средба на Ердоган со претседателот на ирачката Курдска регионална влада

Во Скопје се одржа концерт на Двроска музика на Румелија

Во Скопје се одржа концерт на Двроска музика на Румелија

Министерот Чавушоглу се сретна со Ријад Хиџаб

Министерот Чавушоглу се сретна со Ријад Хиџаб

Косово ќе ја земе Турција како пример за трансформација во здравството

Косово ќе ја земе Турција како пример за трансформација во здравството

Ердоган ја прими девојката со пречки во развојот, автор на неговиот портрет

Ердоган ја прими девојката со пречки во развојот, автор на неговиот портрет