СКОПЈЕ (АА) - Меѓународните училишта на Турската фондација „Маариф" во Северна Македонија нагласија дека управата на училиштето смета дека се наоѓаат на чело на училиштата во Северна Македонија кои овозможиле најуспешно образование од далечина, додека според направените анкети, стапката на задоволност од нивната онлајн настава изнесува 95 отсто.
Во писменото соопштение на Дирекцијата на турската фондација Маариф (ТФМ) во Северна Македонија за Агенција Анадолија (АА) се наведува дека новиот вид коронавирус (Ковид-19), кој го погоди целиот свет, негативно влијаел врз секоја образовна установа и сите ученици и студенти.
Се истакнува дека тие, како училишта на „Маариф“, сметаат дека иако организирале онлајн настава со квалитет на високо ниво, тоа не може да го зазеде местото на формалното образование кое се одржува лице в лице.
Најважниот проблем според ТФМ е тоа што со оддалечување на учениците од училиштето и наставниците ќе дојде до губење на желбата за учење, и дека во целиот свет постои сериозна загриженост околу отворањето на училиштата.
„Со цел да се започне со образованието лице в лице, потребно е особено повозрасните да преземат одговорност во насока на почитување на мерките за носење маски, социјалната дистанца и хигиената. Во спротивно, повозрасните ќе бидат причина за одземање на можноста на учениците за образование лице в лице“, се наведува во соопштението.
- Училиштата „Маариф“ се наоѓаат на чело на училиштата во Северна Македонија кои овозможиле најуспешно образование од далечина -
Меѓу другото се вели дека откако во март се појави првиот случај на Ковид-19 во Северна Македонија, тие како Меѓународни училишта „Маариф“ веднаш го активирале итниот акционен план, и во согласност со одлуката на Министерството за образование и наука на Северна Македонија, веднаш ја запреле наставата во училиштето.
„По оваа одлука, Управата на училиштето реализираше обука за наставниците, професорите, подготви план за образование од далечина, додека на учениците им понудивме непрекината настава, искористувајќи ја и програмата „Blackbord Collaborate“. Наставата беше планирана неделно 5 дена, 20 часа. Во овие рамки, преку онлајн наставата покрај основните академски предмети, се одржа и настава врз основа на способности, како уметност, спорт и музика. Управата на училиштето смета дека се наоѓаат на чело на училиштата во Северна Македонија кои овозможиле најуспешно образование од далечина, додека според направените анкети, стапката на задоволност од нашата онлајн настава изнесува 95 отсто“, се додава во соопштението.
Се нагласува дека учениците и нивните родители добиле онлајн обука од страна на психологот на училиштето со цел да се справат со тешкотиите во домашна средина, и дека се подготвени проекти со цел домашниот живот да стране центар за учење на децата.
Во овие рамки, се наведува во соопштението, децата од градинка и учениците од основното училиште, заедно со нивните мајки, се стекнале со способности за готвење дома, чистење и уредување на куќата, додека учениците од средното училиште реализирале проекти од областа на уметноста, музиката и науката.
Учениците во домашни услови одржувале различни настани, како концерти, изложби, читање поезија, како и научни експерименти, а потоа на социјалните мрежи на училиштето биле споделени нивните снимки.
„Исто така, организиравме натпревари на знаење и култура преку онлајн платформа каде што учениците добија награди. Со дневни извештаи ги информиравме родителите за состојбата на учениците. Организиравме онлајн состаноци за родители кои ги информиравме за академската и психолошката состојба на учениците. Испитите се одржаа на онлајн платформата“, се истакнува во соопштението на ТФМ, и се додава дека на крајот на учебната година одржале онлајн церемонија за доделување сертификати, дипломати и свидетелства.
Од друга страна, Меѓународните училишта „Маариф“ во Северна Македонија ги завршија своите подготовки за новата учебна 2020-2021 година, и го започнаа процесот за запишување.
Се вели дека на крајот на јуни е одржан приемен испит (МАГИС) почитувајќи ги сите препораки во врска со пандемијата, на кој присуствувале околу 250 ученици.
Врз основа на резултатите на приемниот испит, дел од учениците добиле стипендија од 100 тосто, како и награди, додека учениците кои добиле право да се запишат во училиштето добиле попуст од 200 евра.
- Училиштата „Маариф“ се за одржување настава лице в лице во училиштата кои ги имаат потребните услови -
Во соопштението се нагласува дека во периодот на пандемијата родителите имале загриженост околу образовнието на нивните деца. „Во овие рамки, Меѓународните училишта „Маариф“ подготви план за целосно отстранување на загриженоста, и соопшти дека ќе започне новата учебна година. Управата на училиштето истакна дека секој ден се зголемува заинтересираноста и запишувањето во училиштето и дека се соочиле со поголема заинтересираност во запишувањето во споредба со минатата година“.
Според соопштеното, Управата на Меѓународните училишта „Маариф“ во Северна Македонија е подготвена за секоја одлука која ќе биде донесена од страна на Министерството за образование и наука, а завршиени се и сите подготовки за онлајн настава како и за настава лице в лице.
Физичките услови на училиштата, хигиената во училниците како и бројот на ученици се уредувани според мерките.
„Училиштата „Маариф“ се за одржување настава лице в лице во училиштата кои ги имаат потребните услови. Ниту едно образование од далечина не може да го заземе местото на образованието во училиште. Барем учениците кои имаат помалку ризик да продолжат со наставата, додека за останатите може да се создадат различни решенија“, се вели во соопштението, во кое се наведува дека во случај часовите да бидат по 20 минути, тогаш попладне може да се одржи дополнителна настава од далечина.
„Преку почитување на социјалната дистанца од страна на учениците, и донесувајќи строги правила во врска со носењето маски може да се надмине овој период на пандемија“, се истакнува во соопштението. Се додава дека духовниот и психолошкиот развој на децата е од особена важност, и дека затоа во рамки на онлајн наставата учениците треба да ги следат предметите по уметност, спорт и музика.
Што се однесува до подготовките за новата учебна година, ТМФ нагласи дека за новата учебна година скоро е полна квотата за примање на ученици.
Во соопштението се вели дека за учениците кои ќе се запишат во прва година во средното училиште, каде наставата е на англиски јазик, започнале интензивен четиринеделен курс за подготовка по англиски јазик.
„Почнувајќи од 17 август, наставниците ќе учествуваат во активностите за подготовка и планирање за учебната година. Исто така, наставниците ќе добијат семинари за стручен развој“, се истакнува во соопштението, во кое се наведува дека во процесот на образование од далечина внимателно се следи и работата на Министерствто за национално образование на Турција.
Се нагласува дека новата учебна година ќе започне со богата содржина од која ќе имаат корист и наставниците и учениците.