Lejla Biogradlija
10 Ноември 2022•Ажурирај: 11 Ноември 2022
САРАЕВО (АА) - Во Босна и Херцеговина оваа година е забележан раст од 8 отсто во бројот на нерегуларните мигранти во споредба со минатата година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Советот на министри на Босна и Херцеговина се наведува дека во првата половина оваа година во Дирекцијата за странци била регистрирани 8.192 нерегуларни мигранти, од кои повеќе од половина се од Авганистан, Бангладеш и Пакистан.
Се нагласува дека 7.309 од вкупно регистрираните мигранти сакаат да останат во Босна и Херцеговина.
Во соопштението се вели дека оваа година е забележан раст од 8 отсто во бројот на нерегуларните мигранти во споредба со минатата година.
Според соопштението, во периодот од јануари до јуни, граничната полиција фатила 2.760 мигранти кои се обиделе на илегален начин да влезат во земјата.
Се истакнува дека овие мигранти во Босна и Херцеговина дошле преку Србија и Албанија.