Fatjon Cuka
14 Март 2020•Ажурирај: 16 Март 2020
ТИРАНА (АА) - Бројот на откриени случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Албанија се искачи на 38 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија.
Во соопштението се нагласува дека досега биле тестирани стотици случаи, како и дека продолжува следењето на случаите потврдени како позитивни на тестирањето за Ковид-19.
„Досега се тестирани 505 сомнителни случаи, од кои 38 се позитивни на Ковид-19“, се наведува во ова соопштение.
Се вели дека 22 од овие случаи се откриени во Тирана, 5 во Драч (од кои еден починат), 5 во Фиер, и по два случаја се откриени во Елбасан, Рогожина и Лушње.
Инаку, на 11 март во Албанија од Ковид-19 почина едно 73-годишно лице.