Bilal Güler
23 Март 2020•Ажурирај: 24 Март 2020
АНКАРА (АА) - Иранскиот министер за надворешни работи, Мухамед Џевад Зариф, истакна дека Соединетите Американски Држави (САД) ја блокираат глобалната борба против новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Зариф во изјавата споделена на Твитер го истакна своето задоволство од повиците за отстранување на санкциите кон Иран, наметнати од страна на САД.
„Иранскиот народ ја цени кампањата на владите и лидерите на граѓанското општество во глобални рамки, кои повикуваат на прекинување на нелегалните санкции на САД. САД не ги слушаат тие повици, ја блокираат глобалната борба против Ковид-19“, истакнува Зариф.
Тој додаде дека единствено решение е спротивставување на методот на колективно казнување на САД. „Задолжителна е употребата на моралните и практичните мерки“, хагласува Зариф.
Бројот на починати во Иран од вирусот Ковид-19 вчера изнесуваше 1.685, а бројот на заболени се зголеми на 21.638.