Ekip
08 Јуни 2019•Ажурирај: 10 Јуни 2019
СОФИЈА (AA) - Бугарската полиција уапси 16-годишно лице откако експлозивна направа која според нивно мислење би можела да биде користена за терористички напад е пронајдена во ученички дом за средношколци, пренесува Anadolu Agency (AA).
Заменик главен обвинител Иван Гешнев изјави дека полицијата во вториот по големина бугарски град, Пловдив, извршила претрес откако роднините на 16-годишното момче, наводно пронашле рачно направени делови за бомба.
Полицијата соопшти дека откриле неколку експлозивни направи, вклучувајќи бомба направена од цевки и направа изработена од 14 килограми чивии. Како што е наведено, пронашле и знаме на ДЕАШ и екстремистичка литература.