Fatjon Cuka
17 Март 2022•Ажурирај: 18 Март 2022
ТИРАНА (АА) - Вицепремиерот на Северна Македонија задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, реализира посета на Албанија, во чии рамки во Тирана се состана со министерката за Европа и надворешни работи на Албанија, Олта Џачка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Џачка информацијата ја потврди преку објава на социјалните мрежи.
Таа напиша дека со Маричиќ разговарале за зголемување на соработката со Европската Унија (ЕУ).
„Со вицепремиерот на Северна Македонија, Бојан Маричиќ, разговаравме за зголемување на соработката со ЕУ на начин преку кој регионот би се позиционирал поблиску до ЕУ во ова време полно со предизвици, вклучувајќи го и одржувањето на првата Меѓувладина конференција“, нагласи Џачка.
Меѓу другото, Маричиќ во овие рамки оствари средби и со други официјални претставници на Албанија.