Malik Hasa
08 Мај 2016•Ажурирај: 09 Мај 2016
КРУЈА (АА) - Круја, град во централнниот дел на Албанија и главен центар на средновековната албанска држава, е еден од најпознатите и најпосетените туристички дестинации и знаменитости на Албанија, јавува Anadolu Agency (AA).
Како еден мал град, 32 километри северно од Тирана, Круја е значаен туристички бисер на Албанија и една од најпопуларните туристички дестинации во земјата со богато културно и историско наследство.

Нејзините калдрми водат кон познатата Стара чаршија на Круја, каде што има голем број работилници со автентични традиционални сувенири посетени од голем број туристи.
Како еден од многуте културно-историски знаменитости на градот, Старата чаршија на Круја, е оставштина од Османлиската култура во Албанија, која до денес успеа да го зачува духот, изгледот и намената која што ја имаше и пред сто години.
Во овој туристички центар, занаетчиите и трговците, како чувари на традицијата и убавите спомени, им нудат на домашните и странски туристи рачно изработени сувенири со национални мотиви - теписи, садови од бакар, калај и олово. Во непосредна близина се наоѓа и чаршиската џамијата којашто датира од XVI век.

Министерството за урбанизам на Албанија со години наназад инвестира во туризмот и во проектите за обнова на овој дел од градот. Во последната фаза од реконструкцијата се планира обезбедување на чаршијата безбедносни камери, сигнализација и поставување на јавни услуги за домашни и странски туристи.
Една од главните иницијативи на министерството е поддршка на занаетчиските здруженија, со што, како што е најавено, на занаетчиите ќе им се додели финансиска помош од две до три илјади долари за производство на оригинални производи од оваа област, со цел да се избегне увозот од други земји. Во исто време, сите мали продавници кои работат во овој дел од градот од почетокот на 2016 година, се ослободени од плаќање данок на доход.