Agim Sulaj
06 Ноември 2020•Ажурирај: 06 Ноември 2020
ПРИШТИНА
Во Косово починаа 12 пациенти како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 732, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 728 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 22.934.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 1.827 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 103.839 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 15.981 лице. Моментално има 6.221 активни случаи.