Adel Ömeragiç
08 Февруари 2017•Ажурирај: 08 Февруари 2017
ПОДГОРИЦА (AA) - Во Подгорица денеска се претставени можностите на Медитеранската програма за соработка 2014-2020 година, каде учествуваат 57 региони од различни земји од Европската унија и Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина. Седмогодишниот буџет на програмата е 264 милиони евра, а црногорските организации учествуваат во проектите вредни 11 милиони евра, јавува Anadolu Agency (AA).
Еден од инструментите за спроведување на кохезионата политика на ЕУ е Медитеранската програма, чиј основен извор е финансирање на Европскиот фонд за регионален развој. Медитеранската програма ја поддржува транснационална соработка на партнерите од државите, односно регионот ЕУ и државите кориснички на ИПА, со цел јакнење на Медитеранскиот простор.
Во периодот 2007-2013 година во рамките на МЕД програмата, вкупно се реализирани 144 проекти, чиј вкупен буџет беше повеќе од 250 милиони. Црногорските институции учествувале во 11 проекти, со вкупна вредност од 952 илјади евра.
Министерот за европски работи на Црна Гора Александар Андрија Пејовиќ рече дека програмата ИНТЕРРЕГ МЕД 2014-2020 опфаќа 57 региони од различни земји на ЕУ и три кориснички на ЕПА, меѓу кои се Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија.
„Вкупниот седумгодишен буџет на програмата за ЕУ изнесува 264,9 милиони евра, додека ИПА земјите имаат на располагање 11 милиони евра. Крајна цел на програмата е придонес кон долгорочниот развој на медитеранскиот простор и јакнење на соработката помеѓу регионите. Во рамките на реализираните повици, одобрени се шест проекти со црногорските партнери со вкупна вредност од 10,94 милиони евра“, рече Пејовиќ.
Станува збор за проект кој се однесува на одржива урбана мобилност во медитеранските пристанишни градови, со вкупна вредност од 2,35 милиони евра, кој Централноевропската иницијатива го спроведува со поддршка на општина Котор. За проектот за зголемување на обновливите извори на енергија во малите рурални средили, одобрени се 2,55 милиони евра.
За јакнење на капацитетот на организацијата за управувањ со морскиот отпад предвидени се 600 илјади евра. За проектот „ДестиМЕД", кој се однесува на екотуризмот издвоени се 2,5 милиони евра, додека 1,47 милиони евра се издвоени за посилни капацитети на Институтот за биологија на морето. За заштита и промовирање на културните ресурси одобрен е и проектот вреден 1,46 милиони евра.
Поканети се корисниците да учествуваат и во вториот повик за проектите, кој е отворен до 31. март.