Adel Ömeragiç
25 Јануари 2016•Ажурирај: 26 Јануари 2016
ПОДГОРИЦА (АА) - Неколку стотици приврзаници на Демократскиот фронт (DF) се собраа на платото пред Собранието на Црна Гора, каде започна расправата за доверба на Владата на Црна Гора. Собраните приврзаници на ДФ го блокираа сообраќајот, а преку видео бим се прати собраниската седница, јавува Anadolu Agency (AA).
Околу триесетина полицајци го обезбедуваат Собранието, додека помеѓу Собранието и Владата се наоѓаат припадниците на специјалната полиција. На истиот простор се наоѓа и возило за разбивање на демонстрантите.
Доаѓањето на пратениците на Демократската партија на социјалистите (DPS) и партијата Позитивна Црна Гора, присутните го проследија со свирење и погрдни зборови.
На синоќешниот протест, „Големото народно собрание”, како што го нарекоа лидерите на Демократскиот фронт (DF), изгласало недоверба на Владата и усвоило го документот за слобода на Црна Гора.
Демократскиот фронт ги повика колегите од опозицијата да го напуштат Собранието и работната група и да договорат продолжување на протестите до формирање на преодна влада. Повикот е упатен и на претседателот на парламентот Ранко Кривокапиќ.