Furkan Abdula
26 Октомври 2021•Ажурирај: 27 Октомври 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во Северна Македонија бројот на вакцинирани лица против новиот вид коронавирус (Ковид-19) надмина 800.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштeнието на Министерството за здравство на земјата, во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 7.739 дози вакцини, од кои 748 се аплицирани како прва доза, 1.629 се ревакцини, а 5.362 граѓани примиле трета доза вакцина.
„Заклучно со 25 октомври вкупно се вакцинирани 801.988 граѓани, ревакцинирани се 771.165, а трета доза примиле 15.851 граѓанин. 54 отсто од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина“, се вели во соопштението.
Се истакнува дека опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години.
„Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина“, се додава во ова соопштение.