Husamedin Gina
12 Април 2020•Ажурирај: 13 Април 2020
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 68 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти се искачи на 828 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство преку соопштение истоо така истакна дека во изминатото деноноќие направени се 404 теста, со што вкупниот број на тестирања за Ковид-19 е зголемен на 8.057.
Инаку, досега, од новиот вид коронавирус, Ковид-19, во Северна Македонија починаа 34 лица.