СКОПЈЕ / ТИРАНА
Во соработка со Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) и ТРТ, во Северна Македонија и Албанија започна Програмата за обука за основно ниво на новото медиумско новинарство, јавува Агенција Анадолија (АА).
Координаторот на ТИКА Скопје, Халим Омер Согут, во изјавата за медиумите пред почетокот на програмата рече дека ТИКА повеќе од 30 години спроведува проекти за споделување на искуството и капацитетот на Турција со пријателите, браќата и сродните заедници.
Потсетувајќи дека ТИКА ги започнала своите активности во Северна Македонија во 2005 година, Согут изјави дека досега имаат реализирано повеќе од 1.100 проекти и активности.
Истакнувајќи дека како институција организираат различни програми во земјата, Согут рече дека во тие рамки се спроведува Програмата за обука за новото медиумско новинарство.
„Обуката што денес ја спроведуваме во соработка со ТИКА и ТРТ е поразлична и особено значајна за новото медиумско новинарство, како што е по интензивното користење на социјалните медиуми, дигиталните медиуми и активната ориентација на луѓето кон овие области“, нагласи координаторот на ТИКА, Согут.
Наведувајќи дека се обидуваат да создадат инклузивен и поодржлив образовен модалитет каде што се поканети новинари кои работат на полето на вестите од сите етникуми во земјата, Согут рече дека ќе бидат обучени околу 30 лица.
Претставникот на ТРТ Скопје, Омер Рахми Серим, истакна дека со развојот на технологијата има сериозни промени во медиумскиот сектор.
Наведувајќи дека мобилните телефони станале примарен извор за вести, особено во областа на новите медиуми, Серим рече: „Мобилните телефони станаа речиси примарен извор не само во информирањето, туку и во производството на вести. Нашите колеги, кои работат во областа на новинарството на Балканот, во текот на една недела во соработка со ТИКА и ТРТ ќе научат како да известуваат на Твитер, Фејсбук, Инстаграм, Јутуб и на што ќе треба да обрнат внимание.“
Ѓулчин Сакарја, уредничката на дигиталниот тим на „TRT News“, која ќе одржи предавања во рамките на Програмата, истакнувајќи дека Програмата за обука се одржува во Албанија и Северна Македонија, рече дека во тој контекст новинарите ќе се обучуваат како да се покажат подобро на социјалните медиуми, како можат да се подобрат и како да добијат поголема интеракција.
Давајќи информации за обуката, Сакарија рече: „Ќе имаме обука за техники за креативни вести во медиумите. Ќе покажеме примери, а потоа ќе имаме и практика. Подоцна, ќе имаме посебни курсеви за развој на стратегии на Фејсбук, Твитер, Јутуб, сè за дигиталните медиуми.“
- Програма во Албанија
Говорејќи на делот од Програмата за обука во Тирана, главниот град на Албанија, координаторката на ТИКА во Тирана, Емине Гизем Башкан, го изрази своето задоволство од организацијата на оваа важна програма за обука, што се одржува во соработка со ТИКА и ТРТ.
Информирајќи за проектите на ТИКА, координаторката Башкан рече: „Нашите проекти ги спроведуваме преку нашата канцеларија за координација на програмата ТИКА, која е основана во Албанија во 1996 година. Во овој контекст, го поддржуваме подобрувањето на институционалниот капацитет на институциите во Албанија, обновувањето на нивната техничка инфраструктура, поддршката за земјоделско производство, обновувањето на сите образовни и здравствени установи. Продолжуваме со реставраторски работи со цел да се заштити нашето заедничко културно наследство.“
Претставникот на ТРТ, Угур Зенгин, кој ќе одржи предавања во рамките на Програмата за обука, рече дека ТРТ е гласот на Турција и на нејзините пријателски и братски заедници и земји.
Потсетувајќи дека во рамките на ТРТ има голем број телевизиски и радиоканали за деца, љубители на музиката, документарци, емисии од областа на културните и уметнички активности, Зенгин рече: „Повеќето од овие емисии може да се гледаат и во странство. ТРТ, користејќи ја својата технологија во развој, може да стигне до многу земји преку сателитски преноси. Лесно може да допре до голем дел од човештвото преку интернет, благодарение и на институцијата и на новите медиумски технологии.“
На Програмата за Северна Македонија, што ќе заврши на 11 март, ќе учествуваат околу 30 новинари, а во Албанија ќе учествуваат 22 новинари од Албанија и Косово.
news_share_descriptionsubscription_contact


