Cuneyt Davut
28 Јуни 2016•Ажурирај: 29 Јуни 2016
ГОСТИВАР/КИЧЕВО (АА) - Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), продолжува со својот придонес во образовниот систем на Македонија, извршувајќи голема реконструкција на основно училиште во Гостивар и изградба на пропратен објект, додека во Кичево, во склоп на основно училиште ќе се гради нова градинка, јавува Anadolu Agency (AA).
Во градот Гостивар,ТИКА и раководството на основното училиште потпишаа договор со кој ќе координира ТИКА, а ќе биде реконструиран голем дел од зградата на основно училиште „Мустафа Кемал Ататурк" и изградба на пропратен објект.
По промоцијата на проектот за реконструкција на основното училиште, на која учествуваа Координаторот на ТИКА Македонија, Теоман Тирјаки, министер без ресор во Владата на Република Македонија Фуркан Чако, градоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта и директорот на Основното уличиште Мустафа Кемал Ататурк, Октај Неуредин, беше потпишан протоколот од страна на коордианторот на ТИКА и директорот на училиштето.
По потпишаниот протокол, беше одржана прес-конференција, на која зборуваше координаторот на ТИКА Македонија, Теоман Тирјаки, истакнувајќи дека ТИКА во Македонија спроведува проекти и активности на повеќе полиња и во тие рамки, денеска е потпишан протокол за реконструкција на зградата на основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк" и изградба на пропратен објект, што е едне од најважните проекти во рамките на образованието за 2016 година.
„Овој проект се спроведува во соработката на „Сојузот на општини од турскиот свет" и ТИКА и во тие рамки ќе биде извршена реконструкција на зградата на основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк" и изградба на пропратен објект", изјави координаторот на ТИКА Тирјаки.
Директорот на основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк", Октај Нуредин рече: „Училиштето брои над 1.000 ученици и со три училишни клона , е најголемо турско училиште во Македонија и на Балканот."
Покрај тоа, директорот на Училиштето Нуредин, им се заблагодари на ТИКА и Сојузот на општини од турскиот свет им се заблагодари за поддршката и дадената помош.
Министерот без ресор во Владата на Република Македонија, Фуркан Чако истакна дека проектите кои ги спроведува ТИКА ширум Македонија, се од голема корист за народот и ја искажа својата надеж дека ТИКА ќе продолжи со вредни и важни проекти како што е денешниот.
Градоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта, рече дека како општина вложуваат многу во образованието, и истакна дека поддршката која што ТИКА денеска ја понудија е од особено значење и им се заблагодари на сите оние лица и институции кои учествувале во остварувањето на овој проект.
- Во склоп на едно основно училиште во Кичево ќе се изгради градинка
Поддршката која ТИКА ја дава во рамките на давање помош во образованието, овојпат е изградба на градинка во рамките на основното училиште „Сендо Штерјоски", кое се наоѓа во Кичево, во западниот дел на Македонија.
Во општинската зграда на Кичево, координаторот на ТИКА, Теоман Тирјаки и градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари потпишаа протоколарен договор, по кој делегацијата замина во основното училиште каде ќе присуствуваа на церемонијата за поставување на темелите на новата градинка, по која беше организирана прес-конференција.
На прес-конференцијата стана збор за новиот објект, кој како што е кажано, ќе содржи три одделенија, ќе зафаќа голем и квалитетен простор за елементарна обука.
Покрај тоа Тирјаки рече: „Ќе изградиме градинка на простор каде претходно немало таков објект, со што основното училиште ќе добие во квалитет. Сакам да истакнам дека сме задоволни од нашите активности и проекти во образованието."
Градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари го истакна своето големо задоволство што градинката која ќе се изгради ќе им служи на децата од сите националности во Кичево и додаде дека тоа има значајна вредност.
„Објектот чии темели денеска ги поставивме е од големо значење за нашиот град, бидејќи се надополни празнината која што ја имаше овој град. Оваа градинка ќе даде голем придонес кон заедницата”, рече градоначалникот Дехари.
Градоначалниот Дехари ја искажа својата голема благодарност до Турција и ТИКА за дадената помош.