Furkan Abdula
25 Ноември 2021•Ажурирај: 26 Ноември 2021
СКОПЈЕ
Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 473 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 213.779, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 14 починати лица од Ковид-19. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, се пријавени 4 починати лица со датум на смрт од 09.11.2021 до 22.11.2021. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 7.492.
Институтот за јавно здравје регистрира 505 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 197.998.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 8.289.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.708 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.458.731 тестирање.