Furkan Abdula
23 Ноември 2021•Ажурирај: 24 Ноември 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 490 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 212.865, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 9 починати лица од Ковид-19. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 6 починати лица со датум на смрт од 25.10.2021 до 20.11.2021. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 7.464.
Институтот за јавно здравје регистрира 484 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 197.120.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 8.281.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.869 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.453.084 тестирања.