Furkan Abdula
20 Ноември 2018•Ажурирај: 21 Ноември 2018
СКОПЈЕ (АА) - Во организација на Советништвото за верски прашања при Амбасадата на Турција во Скопје и Исламската верска заедница на Македонија (ИВЗ), вечерва во Мустафа - пашината џамија во Скопје се одржа програма по повод раѓањето на божјиот пратеник Мухамед, јавува Anadolu Agency (AA).
На оваа програма која се одржа по клањање на ноќната молитва (јација намаз), учествуваа бројни верници од исламската вероисповед.
Гостите од Турција, Јашар Чухадар и Бунјамин Топчуоглу, во текот на програма читаа делови од Куранот и рецитираа илахии.
Советникот за верски прашања при Турската амбасада во Скопје, Мурат Алкан, во изјава за АА, истакна дека по повод „Мевлуд за божјиот пратеник Мухамед“ ќе се одржат активности во текот на оваа недела.
Тој информираше дека вчерава учествувале на програма одржана по овој повод и во Гостивар, како и дека вечерва во Скопје се одржува програма во Мустафа Пашината џамија со бројни учесници, особено на млади лица.
Алкан рече дека утре во Иса беговата џамија во Скопје ќе се одржи слична програма.
„Многу имаме потреба подобро да го запознаеме божјиот пратеник Мухамед, неговиот пример да го пренесеме во нашиот живот, како и да го промовираме него на начин малдите да го земаат за пример и лидер“, рече Алкан.
Исто така, по овој повод во различни џамии низ земјата се одржаа слични програми.