Aldijana Hadzic
05 Септември 2020•Ажурирај: 06 Септември 2020
ЗАГРЕБ (АА) - Во последните 24 часа евидентирани се 311 нови случаи на вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи во Хрватска денес изнесува 2.771, јавува Агенција Анадолија (AA).
Меѓу нив 285 пациенти се на болничко лекување, од кои 19 пациенти се на респиратори.
Штабот за Цивилна заштита на Република Хрватска соопшти дека две лица починале.
Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на вирусот во Хрватска, до денес евидентирани се вкупно 11.739 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 197 починаа, а 8.771 се излекуваа.
Во самоизолација во моментов се 9.109 лица.
До денес тестирани се вкупно 187.851 лице, од кои 3.939 во последните 24 часа.