Vesna Besic
01 Ноември 2020•Ажурирај: 02 Ноември 2020
САРАЕВО
Земјотрес со магнитуда од 4,9 степени по Рихтер ја погоди Хрватска, јави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC), пренесува Агенција Анадолија (AA).
Земјотресот е регистриран во попладневните часови на длабочина од десет километри.
Епицентарот беше 11 километри северозападно од Поседарје недалеку од Задар и 119 километри од Сплит.
Земјотресот го почувствуваа и граѓаните на Босна и Херцеговина, подрачјето на Бихаќ.