Lejla Biogradlija,Dzihat Aliju
23 Март 2020•Ажурирај: 23 Март 2020
ПОДГОРИЦА (АА) – Во Црна Гора е регистриран првиот смртен случај од новиот вид коронавирус Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Директорот на Клиничкиот центар на Црна Гора, Јевро Ераковиќ, соопшти дека починал 65-годишен маж, кај кого бил дијагностициран Ковид-19, од Херцег Нови, крајбрежна област во земјата.
Ераковиќ истакна дека лицето што било донесено во Клиниката еден месец престојувало во Србија.
Се забележува дека бројот на случаи во Црна Гора, која беше последната земја во Европа каде што се рашири Ковид-19, изнесува 21.
Во Босна и Херцеговина бројот на случаи се зголеми на 126, во Хрватска 306, во Словенија 414, во Северна Македонија 115 и во Косово 33.
Во меѓувреме, словенечкиот министер за здравство, Томаз Гантар, истакна дека бројот на лица што починале од коронавирусот во земјата изнесува 2.