Bojana Stojanovic
30 Март 2018•Ажурирај: 30 Март 2018
БЕЛГРАД (АА) - Денес српскиот претседател, Александар Вучиќ најави дека во мај ќе оди во официјална посета на Турција на повик на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu agency (AA).
Запрашан за вчерашниот телефонски разговор со Ердоган, Вучиќ одговори дека разговорот бил добар, и дека на претседателот на Турција му пренел што се случило во Косово, на што Ердоган повикал на мир и воздржаност.
„Мислам дека тој тоа добро го разбра и повика на мир и воздржаност, кое и јас го правам секој пат“, изјави Вучиќ, додавајќи дека со Ердоган зборувал и за други работи кратко, бидејќи сите останати работи меѓу Турција и Србија протекуваат добро и нема никакви проблеми.
Тој наведе и дека Ердоган претходно разговарал и со претседателот на Косово, Хашим Тачи.
Сите проблеми во Косово можат и мораат да бидат решавани по мирен пат, истакна синоќа претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор во Вучиќ.