Adel Ömeragiç
22 Април 2017•Ажурирај: 23 Април 2017
ПОДГОРИЦА (AA) - Претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ порача дека нема да предложат референдум за влез на Црна Гора во НАТО. Рече дека Собранието има легитимитет да се изјасни за ова прашање, а дека тој лично се предомисли во однос на пред четири години, кога тврдеше дека ќе има референдум, јавува Anadolu Agency (AA).
Вујановиќ на новинарите по Конгресот на СУБНОР и антифашистите на Црна Гора рече дека не ги излажал граѓаните кога 2013. година во дебата за претседателските избори рече дека граѓаните за ова прашање својот суд ќе го дадат на референдум.
„Јас пред четири години го дадов своето видување, многу јасно и искрено, сметајќи дека референдумот е најдобар начин да ја искаже волјата на граѓаните. Изминатите години покажаа дека за тоа нема потреба. Не се случи ништо што референдумот би го покажало како неопходен, а се случи многу нешта кои покажаа дека за референдумот нема потреба. Нашите граѓани знаат дека изминатите парламентарни избори беа и изјаснување за НАТО. И по повод на тие избори е покренато обвинение за терористичките избори кои беа планирани на денот на изборите и за терористичката акција која требаше да ја смени волјата на граѓаните и да го конституира парламентот, кој со својот состав би бил против НАТО. Во такви услови очигледно е дека нема потреба за референдум и очигледно е дека Собранието и нејзините пратеници треба да ја преземат одговорноста за одлуката за прифаќањето на Северно-атланскиот договор и да и овозможат Црна Гора да влезе во НАТО", рече Вујановиќ.
Порача дека референдумот е непотребен и дека би бил нов предизвик на безбедноста, нов ризик и нова непотребна активност.
Вујановиќ порача и дека не очекува нереди во петок, на 28. април во Цетиње, кога пратениците ќе гласаат за Протоколот за членство на Црна Гора во НАТО.