Hasan Esen
05 Февруари 2016•Ажурирај: 06 Февруари 2016
АМСТЕРДАМ (АА) - Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, денес во Амстердам изјави дека руските воздушни напади кои во голема мера за мета ги имаат опозиционите сили, ги поткопуваат мировните преговори за Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Столтенберг во изјава пред состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на Европската унија (ЕУ), изрази поддршка за мировното решавање на сириската криза.
„Руските воздушни напади кои во голема мера за цел ја имаат опозицијата, ги поткопуваат мировните преговори во Сирија. Дополнително, зачестените воздушни акции предизвикуваат пораст на нетрпеловоста во сè почестите нарушувања на турскиот воздушен простор”, рече Столтенберг, потсетувајќи дека зачестените акции се исклучително ризични по безбедноста во регионот.
„Ова истовремено е потешкотија и за НАТО. Нарушувањето на турскиот воздушен простор значи нарушување на воздушниот простор на НАТО. Зголемената интензивна присутност на руските сили во Сирија и источното Средоземје, го менува стратешкиот однос на силите во тој дел на светот”, рече Столтенберг и повика на смирување на тензиите и изнаоѓање на политичко решение за сириската криза.
Генералниот секретар за НАТО на прашањето во врска со сè поголемото присуство на терористичката организација ДАЕШ во Сирија рече дека ситуацијата ја следат со поголемо внимание.