Abdula Berisha
21 Ноември 2023•Ажурирај: 21 Ноември 2023
СКОПЈЕ (АА) - Премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, го пречека генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој престојува во официјална дводневна посета во Скопје, јавува Анадолу.
Ова е прва посета на Столтенберг во Северна Македонија откако државата е полноправна членка на НАТО.
Премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, го пречека генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој престојува во официјална дводневна посета во Скопје.
Според агендата за официјалната посета на генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, веднаш по церемонијата за пречек се одржува тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски, по што следува билатерална средба на двете делегации.
Исто така, Ковачевски и Столтенберг ќе одржат заедничка прес-конференција.
Во текот на денешниот ден, Столтенберг ќе одржи говор пред пратениците во македонското Собрание, а ќе се сретне и со претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски.
Во текот на утрешниот ден, Северна Македонија ќе биде домаќин на неформалниот состанок на лидерите на НАТО-сојузниците од регионот. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, ќе ги пречекаат поканетите лидери од Албанија, Хрватска и Црна Гора.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, е во четиридневна балканска турнеја од 19 до 22 ноември, во која ги посети Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Северна Македонија.