Muhamed Madar
23 Мај 2024•Ажурирај: 24 Мај 2024
СРЕБРЕНИЦА (АА) - Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) денес, 23 мај, ќе гласа за предлогот 11 јули да се прогласи за „Меѓународен ден на сеќавање и одбележување на геноцидот во Сребреница 1995.“, јавува Анадолу.
Гласањето е закажано за 16 часот по средноевропско време.
Од друга страна, денес во Сребреница ќе се одржи седница на Владата на РС „на денот кога Генералното собрание на ОН ќе одлучува за предлогот за Резолуцијата за Сребреница“, беше наведено претходно во најавата за седницата. Поради тоа, денес во Сребреница се забележани голем број полицајци, а во непосредна близина на зградата каде што ќе се одржи седницата на Владата се забележани припадници на специјалните единици, како и оклопни возила.
Во Сребреница на повеќе места поставени се билборди со натписите „Ние не сме геноциден народ. Паметиме... Горда Србија и Српска“.
Сите случувања околу Резолуцијата на ОН за Сребреница, реториката на властите во босанскохерцеговскиот ентитет РС и изразеното негирање на геноцидот предизвика вознемиреност кај Бошњаците во овој град, каде што во јули 1995 година беше извршен геноцид врз Бошњаците во „безбедната зона на ОН“, што беше правосилно утврдено со меѓународни и со пресуди на судовите во БиХ.