Admir Fazlagic
22 Декември 2016•Ажурирај: 22 Декември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Градот Скопје денеска соопшти дека ја откажува новогодишната прослава што требаше да се одржи на плоштадот Македонија. Според соопштението, средствата коишто беа планирани за организирање на пречекот и се во износ од околу 2 милиона денари ќе ги донира во социјални цели, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од градот Скопје информираат дека одлуката каде ќе бидат донирани средствата, како што соопштуваат од Град Скопје, ќе ја донесе Советот.
„Градот Скопје веќе 10 години наназад троши минимални средства за организирање на дочекот на Новата година затоа што забавата за граѓаните ја финасираа мибилните оператори во земјава, а годинава спонзор на забавата требаше да биде Македонски Телеком", се вели во денешното соопштение од Градот Скопје.
Освен Скопје, и градот Велес во среда ја информираше јавноста дека се откажува од јавно дочекување на Новата година и трошење на средства од општинската каса за овие цели.