Ekipa
23 Јануари 2017•Ажурирај: 23 Јануари 2017
АТИНА (АА) - Грчкиот Врховен суд го одложи за в четврток изрекувањето на конечната пресуда за барањето за екстрадиција на осумтемина војници учесници во неуспешниот јулски обид за воен удар во Турција, кои потоа побегнаа во соседна Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
Денес Врховниот суд одржа рочиште, но пресудата беше одложена за 26 јануари поради отсуството на еден судија кој доживеа сообраќајна несреќа.
Станува збор за осумтемина војници што со хеликоптер „блекхок“ во ноќта на неуспешниот јулски обид за воен удар побегнаа од Турција во Грција. Поради нивното учество во обидот за државен удар на 15 јули 2016 година, зад кој стои терористичка организација ФЕТО, Турција побара да бидат испорачани, но тие негираат дека се вмешани и бараат азил во Грција.
Претходно, нижите грчки судови изрекоа првостепени пресуди според кои беше наложено тројца од пребеганите да ѝ се испорачаат на Турција, а петмина други се задржи во Грција.
По започнатата жалбена постапка, случајот се пресели во Врховниот суд во Атина, чија одлука ќе биде конечна.