Ekipa
08 Декември 2016•Ажурирај: 09 Декември 2016
АТИНА (АА) - Грчкиот Апелационен суд денес донесе одлука останатите двајца од осумте турски војници што бараа азил во земјата да не бидат испорачани, јавува Anadolu Agency (AA).
Лицата се барани од страна на турските власти и се товарат за учество во обидот за државен удар во Турција, во коj загинаа стотици луѓе.
Претходно оваа недела, грчкиот суд пресуди дека тројца од групата можат да бидат испорачани. Сепак, беше донесена уште една пресуда дека тие тројца нема да бидат испратени во Турција. Денешната пресуда значи дека пет од осумтемина војници нема да бидат испорачани.
Во вторникот, обвинител од грчкиот Апелационен суд се противеше на одлуката за неиспорачување на тројцата турски војници.
Грчкиот Врховен суд ќе го оцени приговорот и ќе ја објави својата одлука најдоцна за осум дена.
Осумтемина турски војници пристигнаа во Грција со хеликоптер и побараа азил во земјата. Првично нивните барања беа одбиени од грчкиот суд.
Турската Влада постојано поднесува барање за испорачување на осумтемина пучисти, ветувајќи дека ќе обезбеди фер судење.