Dzihat Aliju
04 Октомври 2018•Ажурирај: 04 Октомври 2018
СКОПЈЕ (АА) - Државните заводи за ревизија на Република Македонија и Република Турција денеска потпишаа договор за соработка, јавува Anadolu Agency (AA).
На церемонијата на потпишување на договорот за соработка што се одржа во дирекцијата на Државниот завод за ревизија, учествуваа претседателот на турскиот Државен завод за ревизија, Сејит Ахмет Баш, заменик-претседателот на македонскиот Државен завод за ревизија, Насер Адеми, како и претставници од државните заводи за ревизија на двете држави.
Со постигнатиот договор, двете институции, покрај организирањето програми за обука, работилници и заеднички ревизии, планираат и теми за развој на стручна и техничка соработка.
На церемонијата, претседателот на турскиот Државен завод за ревизија, Сејит Ахмет Баш, истакнувајќи го своето задоволство од постигнатиот договор, изјави: „Без сомнение, овој договор ќе биде значаен чекор за уште поголем развој на постоечките блиски врски меѓу двете институции. Во периодот што следува, ќе продолжиме да ги зголемуваме постоечките блиски врски со Државниот завод за ревизија на Македонија и ќе спроведеме поголем број заеднички активности на полето на ревизијата.“
Заменик-претседалетот на Државниот завод за ревизија на Република Македонија, Насер Адеми, го изрази своето задоволство од потпишаниот договор.