Stipe Majic
24 Март 2020•Ажурирај: 24 Март 2020
ЗАГРЕБ
Околу 20.50 часот во Загреб се почувствува уште еден помал потрес, јавува Агенција Анадолија (АА).
Потрес со магнитуда од 3,3 степени по Рихтер се почуствува околу 11.13 часот, а сеизмолозите во изминатите два дена забележаа над 35 потреси од кои само дел можеше да се почуствува.
Тлото на подрачјето на Загреб и околината се тресе во интервали од вчера од 06.24 часот, кога потресот со сила од 5,5 степени по Рихтер предизвика значителна материјална штета и однесе еден живот.