Stipe Majic,Lejla Biogradlija
23 Март 2020•Ажурирај: 25 Март 2020
ЗАГРЕБ
Хрватските медиуми објавија дека починало 15-годишното девојче кое беше тешко повредено во земјотресот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На одделот за интензивна нега почина девојчето кое беше тешко повредено во земјотресот со интензитет од 5,5 степени што го потресе Загреб, главниот град на Хрватска.
Директорот на Центарот за детски клиники во Загреб Горан Роиќ соопшти дека и покрај сите обиди, не успеале да го спасат девојчето кое за време на земјотресот било повредено во главата.
Во земјотресот што го потресе Загреб повредени се 18 лица, а повеќе од 250 згради се оштетен, меѓу кои се наоѓаат и објекти од историско значење.