Admir Fazlagic
09 Ноември 2017•Ажурирај: 09 Ноември 2017
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорката на Република Турција во Македонија, Еркал Кара, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што информираат од Владата на Република Македонија, амбасадорката Кара изразила благодарност за можноста за оваа средба и му честитала на премиерот Заев за успешно спроведените избори и за победата на владината коалиција која ја оцени како израз на поддршката на актуелните политики на Владата на Република Македонија.
„Премиерот Заев и амбасадорката Еркал Кара разговараа на повеќе теми од интерес на двете земји. Посебно внимание посветија на соработката на планот на безбедносните политики, како и на поддршката за претстојните активности на Република Македонија во однос на евро-атлантските аспирации. На средбата заеднички е поздравено длабокото пријателството меѓу Македонија и Турција и е изразена определеност за унапредување на соработката на економски план, како и во сите други области од интерес на граѓаните на двете држави", се наведува во соопштението.
„Претседателот на Владата на Република Македонија и амбасадорката на Турција во земјава, Кара, разговарале и за интензивирање на постапката за организирање на официјална посета на делегација на Владата на Република Македонија на Турција, како и за посета на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на нашата земја", информираа од Владата на Република Македонија.