Прескокни на главната содржина
logo
logo
  • СВЕТ
  • ТУРЦИЈА
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ЖИВОТ
Türkçe
English
BHSC
Pусский
Français
العربية
Kurdî
کوردی
Shqip
فارسی
македонски
Bahasa Indonesia
Español
Балкан

Иванов: Македонија со НАТО ги споделува истите вредности, интереси и приоритети

Претседателот Иванов рече од Балканот заминале околу 960 лица коишто се странски борци. Тој истакна дека од Македонија има 154 лица, од кои 33 загинале, а 80 се вратени
Ivana Ramadanova
09 Ноември 2017•Ажурирај: 10 Ноември 2017
Иванов: Македонија со НАТО ги споделува истите вредности, интереси и приоритети
Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Денес во Скопје се одржа дваесет и првата Конференција на началниците на генералштабовите (НГШ) на армиите на САД и на земјите-членки на Јадранската повелба (А-5) (Македонија, Хрватска, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора), јавува Anadolu Agency (AA).

На конференцијата којашто беше отворена од страна на НГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, се расправаше за проширување на соработката меѓу државите од А-5 за целосна НАТО интеграција и придонес за безбедноста на Алијансата.

Тој им се заблагодари на началниците на генералштабовите кои овозможија Македонија да биде копретседавач на 25-годишнината од формирањето на АРМ, истакнувајќи дека Македонија заедно со сите партнери и пријатели е подготвена да ги сподели искуствата и перспективите, а воедно и да ја прошири соработката за целосна интеграција во НАТО и за придонес за безбедноста на Алијансата.

Свое обраќање пред учесниците на конференцијата имаше и претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов, кој меѓу другото, истакна дека отворената врата за влез во Алијансата е метафорична покана, но сепак, Македонија со НАТО ги споделува истите вредности, интереси и приоритети.

Иванов посочи дека поради радикализацијата од странските борци, Европа сѐ повеќе се соочува со напади извршени од втора или од трета генерација мигранти дојдени во европските земји, додавајќи дека за да се одговори на оваа закана, потребно е државите од Јадранската група целосно да се интегрираат во архитектурата на безбедносниот систем на НАТО и на Европската Унија, со непречен пристап до сите бази на податоци.

„Рутата што во 2015 ја отворија бегалците и мигрантите, започнаа да ја користат и странските терористички борци. Се проценува дека најмалку 5.600 странски борци од Европа заминале на боиштата во Сирија и во Ирак, што е 15% од вкупниот број борци на ДЕАШ. Од Австрија има 300, од Белгија 450, од Данска 135, од Германија околу 950, од Норвешка околу 100, од Шведска околу 300. Околу третина од нив веќе се вратиле во своите матични европски земји", изјави Иванов истакнувајќи дека само од Балканот заминале околу 960 лица коишто се странски борци.

„Според последните информации, од Македонија има 154, од кои 33 загинале, а 80 се вратени. Во Сирија останале 41, од кои 33 се во ДЕАШ, а 8 во Ал Нусра. Дваесетина се затворени со акцијата 'Ќелија. Од Босна и Херцеговина заминати се 237. Најмногу странски борци има од Косово, 317, од кои 130 се веќе вратени. Од Албанија има 150, од Црна Гора 13, а од Србија околу 50. Многумина од оние што на Блискиот Исток заминаа како радикали и екстремисти, во Европа се враќаат како терористи“, рече Иванов.

Според заменик-командантот на командата на Армијата на САД за Европа, генерал потполковник Тимоти Реј, европската команда на САД останува посветена на Европа и очекува да продолжат цврстите врски меѓу сите европски сојузници и партнери присутни на оваа конференција.

„Убеден сум дека ќе продолжиме да ги надградуваме нашите цврсти односи со лидерите на земјите од САД – Јадранската повелба (А-5), обидувајќи се да ја зајакнеме и да ја зголемиме безбедноста во Југоисточна Европа, да ја продолжиме интеграцијата во НАТО и да придонесеме кон колективната безбедност на Европа. Европската команда на САД ќе продолжи да се залага за евроатлантскиот пат на овој регион, вклучувајќи и идно членство на Република Македонија и Босна и Херцеговина во НАТО“, истакна Реј.

Договорот за формирање на Јадранската повелба официјално е потпишан во 2003 година, со којшто покрај САД како покровител, Македонија, Албанија и Хрватска се обврзаа низ институционална рамка да ја развиваат регионалната соработка во областа на одбраната.

Во 2008 година, на оваа иницијатива се приклучија Босна и Херцеговина и Црна Гора, а Србија, Косово и Словенија имаат статус на земји-набљудувачи во групата. Средбите на ниво на началници на армиските генералштабови се одржуваат еднаш годишно, кога се разгледуваат прашања од областа на военото образование, воено-техничката соработка, операциите за поддршка на мирот и други актуелни теми од областа на одбраната и безбедноста.

related_topics:
САДначалнициНАТОконференцијаЈадранска повелба
news_share

news_share_descriptionsubscription_contact

subscription
logo

Reporting the Changing World

next-sosyalX/TwitterFacebookYouTubeInstagram

КОРПОРАТИВНО

  • Историја
  • Таг
  • Систем на управување со квалитетот
  • Принципи на објавување
  • Политика на социјалните медиуми
  • Медиа центар
  • Политика за приватност и веб-колачиња
  • Политика на правилно информирање
  • RSS

КОМУНИКАЦИЈА

  • Контакт
  • Барање за претплата

Anadolu Ajansı © 2026

Google PlayApp Store
Војна САД/Израел-Иран
Ормуски Теснец
Трамп
Претходно
Следно
Претходно
Косово и Македонија ја зајакнуваат соработката во борбата против трговија со луѓе

Косово и Македонија ја зајакнуваат соработката во борбата против трговија со луѓе

Следно

Заев - Кара: Македонија и Турција го продлабочуваат пријателството

Заев - Кара: Македонија и Турција го продлабочуваат пријателството

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иран: Планот за „паметно управување“ со Ормускиот Теснец финализиран во комисијата на Парламентот

Германската шпионска агенција купи европска алтернатива на Палантир поради загриженост за доверливоста

Над 1.700 лица затворени на крузер во францускиот град Бордо по смртта на патник

Зеленски пристигна во Романија за учество на самитот на Букурешката деветка

Белгија и Холандија потпишаа договор за соработка во областа на нуклеарната енергија

Медведев се пошегува дека Западот станал „поблизок“ по успешното тестирање на руската ракета

Грчкиот премиер предупреди на енергетска и инфлациска криза предизвикана од кризата во Ормускиот Теснец

Погледни сè

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Итен состанок на НАТО денес, на барање на Турција

Итен состанок на НАТО денес, на барање на Турција

"Black Friday" во САД: Убиени три лица

"Black Friday" во САД: Убиени три лица

Во Скопје се одржува регионална конференција "Ромите како лидери"

Во Скопје се одржува регионална конференција "Ромите како лидери"

Црна Гора доби покана за членство во НАТО

Црна Гора доби покана за членство во НАТО

Брисел: Повикот на Црна Гора во НАТО е важен и за интеграцијата на целиот Западен Балкан

Брисел: Повикот на Црна Гора во НАТО е важен и за интеграцијата на целиот Западен Балкан

ЕУ И САД согласни: Посредникот во трговијата со нафта помеѓу ДАЕШ и Асад е сириски бизнисмен

ЕУ И САД согласни: Посредникот во трговијата со нафта помеѓу ДАЕШ и Асад е сириски бизнисмен

Во Пенсилванија покрената тужба против Фетулах Ѓулен поради кршење на човековите права

Во Пенсилванија покрената тужба против Фетулах Ѓулен поради кршење на човековите права

Во Скопје се одржува меѓународна конференција за медиуми и човекови права

Во Скопје се одржува меѓународна конференција за медиуми и човекови права

Во Рим почна Меѓународната конференција за Либија

Во Рим почна Меѓународната конференција за Либија

Претставени резултатите од Париската конференција - СОР21

Претставени резултатите од Париската конференција - СОР21