Gordana Šimovic
23 Јули 2017•Ажурирај: 24 Јули 2017
МОСТАР (AA) - Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев и претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина (БиХ) Денис Звиздиќ, денеска во попладневните часови го посетија ридот Матиќи кај Ротимља во Столац, каде положија венец на спомен обележјето на трагично загинатиот претседател на Република Македонија Борис Траковски и членовите на неговата придружба, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев рече дека за него доаѓањето во Мостар е специфично.
Изрази задоволство што вечерва ќе ја потпише Повелбата на мир и ќе добие признание од Центарот за мир и мултиетничка соработка во Мостар токму на денот кога е обновен Стариот мост, но и истовремено е тажен поради поводот поради кој ја посети Ротимља.
„Тука загина нашиот претседател Борис Трајковски кој се залагаше за мир. Тој беше голем миротворец, борец за еднаквост и меѓународба соработка, работа и меѓусебно помаѓање", рече премиерот Заев.
Исто така изрази задоволство од фактот што заедно со него местото на трагичниот настан каде загинал претседателот Трајковски, го посети делегација на Босна и Херцеговина, како и од фактот што соработката меѓу овие две земји продолжува.
Претседавачот на Советот на министри на БиХ Денис Звиздиќ се присети на времето на трагичната несреќа наведувајќи дека тогаш бил на Саемот на стопанство во Мостар каде требало да дојде и претседателот Трајковски.
„Навистина одбележа значителен период на демократија и регионална соработка. Сите негови пријатели во БиХ, како и сите граѓани на Македонија, беа ужасно погодени од таа трагична вест", рече Звиздиќ. Нагласи дека за развојот на добрососедските односи да се продолжи соработката, за што сведочи и посетата на премиерот Заев во БиХ, како и фактот дека вечерва во Мостав ќе се потпише Повелбата за мир.
„Мислам дека во овој момент не постои поадекватна личност во регионот за таква награда, која навистина претставува одраз на нашето разбирање", рече Звиздиќ.
Цвеќе положи и министерот за безбедност на БиХ Драган Мектиќ.
Македонскиот претседател Борис Трајковски загина на 26. февруари 2004. година со соработниците и членовите на посадата, во авионската несреќа за време на доаѓањето во Мостар на Меѓународната инвестициска конференција.