Admir Fazlagic
10 Мај 2020•Ажурирај: 11 Мај 2020
СКОПЈЕ
Ријасетот на Исламската верска заедница (ИВЗ) во Република Северна Македонија по повод на отворањето на џамиите и со цел за заштита на здравјето на луѓето како и спречување на ширење на коронавирусот (Ковид 19), донесе одредени мерки кои треба да се спроведуваат во секоја џамија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што стои во објавеното соопштение на ИВЗ, со цел заштита на зравјето на луѓето како и спречување на ширењето на Ковид-19, донесени се заштитни мерки за обавување намаз во џамија. Меѓу заштитните мерки се дезинвекција на џамиите, задолжително носење маска, чистење на рацете со средство за дезинфекција при влезот во џамијата или да се носи ракавици, секој верник треба да има лично сеџаде (простирка за намаз).
Една од заштитните мерки кои ги соопшти ИВЗ е и што повеќе да се користат дворовите на џамиите за обавување на намаз, потоа држење физичка дистанца меѓу верниците колку што е можно повеќе, а забаранет е престој во групи пред или по обавување на молитвите во џамија.
Меѓу соопштените заштитни мерки е и верските предавања да не траат подолго од 10 минути, абдестот да се зема од дома, џамиските простории за земање абдест и тоалетите ќе бидат затворени.
Како заштитна мерка соопштена од ИВЗ е и максимално избегнување на поздравите со физички контакт.
ИВЗ на Северна Македонија во петокот соопшти дека одлучиле од 12 мај џамиите низ целата земја да бидат отворени за муслиманските верници „за извршување на колективните верски обврски“, по речиси двомесечното прекинување на молитвите во џамиите поради мерките за спречување на ширењето на новиот коронавирус (Ковид-19).
Потсетуваме, следејќи ги препораките на релевантните институции за заштита на јавното здравство, на 17 март ИВЗ одлучи да ги прекине молитвите во џамиите за да се спречи ширењето на коронавирусот.