Andelija Stojkovic
10 Мај 2020•Ажурирај: 11 Мај 2020
БЕЛГРАД
Собранието на Србија усвои измени на Законот за избор на народни пратеници според кој завеката на потписите за поддршка на изборните листи покрај нотар ќе можат да ја извршуваат и општинските управи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Како што е соопштено, таа измена се внесува за да во текот на изборниот процес не се создаде гужва и да се почитува физичка дистанца.
Изборите во Србија ќе бидат одржани на 21 јуни.
Покрај тоа, пратениците усвоија и измени на Законот за заштита на населението од заразни болести, со кое се пропишува казните за непочитување на мерките во време на епидемија од 30.000 се зголемува на 50.000 денари (околу 430 евра).
Денешиот ден во Собранието на Србија го одбележа штрајк со глад на четворица пратеници.
Независниот народен пратеник Миладин Шеварлиќ бараше Собранието да го разгледа прашањето на Косово и започна штрајк со глад во народна носија.
Нему му се придружи пратеникот на Двери Бошко Обрадовиќ кој штрајкува со глад барајќи власта да покрене дијалог со опозицијата, но дијалогот да не го организира претседателот на Србија Александар Вучиќ, туку некоја домашна јавна личност на чиј повик би се одзвале сите.
Бунејќи се против штрајкот на тие двајца пратеници, штрајк со глад почнаа двајца пратеници на владејачката Српска напредна странка (СНС).