Besar Ademi
22 Април 2019•Ажурирај: 22 Април 2019
СКОПЈЕ
Според прелиминарните резултати од првиот круг на претседателските избори во Северна Македонија, постои изедначена трка меѓу кандидатот на владејачката коалиција на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Стево Пендаровски и кандидатката на македонската опозиција ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во моментов кандидатот владеачката коалиција е во предност со освоени 42,67% од гласовите, додека кандидатката на македонската опозициска коалиција заостанува 0,1%, освојувајќи 42,57%. Станува збор за ситуација при обработени 96,81% од избирачките места (без ЗРД – избирачи кои се на издржување казна затвор или се во притвор, избирачи кои гласаат на избирачко место бр. 5050-ДИК и се избрани за членови на избирачките одбори надлежни за спроведување на гласањето во ДКП на РСМ во странство, избирачи кои се со статус внатрешно раселени лица, и избирачи кои се сместени во Дом за стари лица)
Прелиминарните резултати објавени од страна на Државната изборна комисија (ДИК) покажуваат дека кандидатот на албанските опозициски партии, Алијанса за Албанците и Движењето БЕСА, Блерим Река, успеа да собере 10,42% отсто од гласовите.
Излезноста на гласачите, според ДИК, е 41,93%, или 721.595 гласачи го искористиле своето право на глас, од вкупно 1.808.131 гласач.
Меѓу другото, покрај на првиот круг од претседателските избори, граѓаните на Охрид, Дебар и Ново Село имаа можност да го искористат своето право на глас за избирање градоначалници на овие општини.
Вториот круг од изборите ќе се одржи за две недели, на 5 мај.
Ова се шести претседателски избори, по осамостојување на земјата.