Agim Sulaj
22 Март 2020•Ажурирај: 23 Март 2020
ПРИШТИНА (АА) - Во Косово се откриени уште два нови случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 33 лица, меѓу кои и еден починат, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се нагласува дека тестирани се уште 10 сомнителни случаи, од кои две резултирале позитивно на Ковид-19.
Со ова, вкупната бројка на откриени случаи во Косово се искачи на 33 лица, меѓу кои и едно лице кое почина денес.
Досега вкупно се тестирани 577 сомнителни случаи во Косово.