Stipe Majic
22 Март 2020•Ажурирај: 22 Март 2020
ЗАГРЕБ (AA) - Меџлисот на Исламската заедница во Хрватска соопшти дека џамијата во Загреб е оштетена од земјотресот, но дека штетата не е голема, јавува Агенција Анадолија (АА).
Како што може да се види на фотографиите на Меџлисот, дојде до оштетување на стаклото на куполата на џамијата, керамичките површини, деловите од камената ограда и помали напукнувања на внатрешните ѕидови.
Загреб утрово го погоди земјотрес од 5,5 степени по Рихтер, а меѓу останатите згради, стамбени и сакрални објекти, оштетен е и врвот од катедралата во Загреб.