Agim Sulaj
17 Февруари 2022•Ажурирај: 18 Февруари 2022
ПРИШТИНА (АА) ‒ Претседателката на Република Косово, Вјоса Османи, премиерот Албин Курти и претседателот на Собранието, Глаук Коњуфца, денеска ги започнаа манифестациите по повод 17 Февруари ‒ Денот на независноста на Косово, со подигање на знамето пред Владата на Косово, јавува Агенција Анадолија (АА).
Потоа, Собранието на Косово одржа свечена седница, на која свои говори имаа претседателката Османи и премиерот Курти.
Тие, меѓу другото, истакнаа дека патот до независноста на бил лесен, но отпорот на Косово и помошта на пријателските земји придонесоа кон тоа Косово денес да ужива слобода и независност.
Во текот на денот, припадниците на Косовските безбедносни сили парадираа во главниот град, во присуство на стотици граѓани облечени во боите на државното знаме.
По овој повод, претседателката Османи рече дека Косовската армија е подготвена да го брани суверенитетот и територијата на Косово и е подготвена да биде сериозен партнер на НАТО.
Исто така, попладнево е предвиден државен прием за 14-годишнината од независноста со почеток во 16 часот, а од 17 часот ќе се одржи и концерт на Косовската филхармонија со дела од албански композитори.