Admir Fazlagic
26 Мај 2017•Ажурирај: 27 Мај 2017
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за внатрешни работи соопшти дека е поднесена е кривична пријава против Ј.Л. (41) од Скопје кој на 27 април, за време на насилните настани во Собранието поставил импровизирана експлозивна направа - петарда и боца со компримиран бутан гас залетени со селотејп, како и уште едно парче петарда, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението, Ј.Л. заедно со толпата влегол во Собранието на Република Македонија и со околу 20 лица се качил на првиот кат по што сам влегол во две канцеларии меѓусебно поврзани и под работно биро ја поставил импровизираната експлозивна направа, а потоа заминал.
„Петардата и импровизираната експлозивна направа ги забележал вработен во Собранието на подот, при расчистувањето на 2 мај 2017 година околу 8:25 часот, по што, мислејќи дека се факел, заедно со колега ги однел и ги оставил до кофите за смет во ходникот. Истиот ден околу 17 часот вработен како обезбедување во Собранието, при обиколка во објектот, ја забележал импровизираната експлозивна направа и телефонски пријавил во СВР Скопје", се вели во соопштението.
Секторот за внатрешни работи Скопје до Основното јавно обвинителство достави и две Известувања, едното за преземени мерки и активности во врска со Наредба за утврдење на целосни лични податоци за вкупно седум лица - пратеници во Собранието на Република Македонија, а другото е Известување за досегашни преземени мерки и дејствија.